Top Sport

Удинезе ги „прати“ Сампдорија во втора лига

Удинезе со 2:0 го совлада тимот на Сампдорија, праќајќи го клубот од Џенова во Серија Б, откако тимот на Дејан Станковиќ и математички е невозможно да обезбеди опстанок. Лошите вести за верните навивачи на Самп доаѓаат во најлошо можно време, два дена откако градскиот ривал Џенова избори враќање во елитата.

Роберто Переира во деветтата минута и Адам Масина во 34. минута беа стрелци за Удинезе за да ги „осудат“ гостите на 22-риот пораз оваа сезона во 34 кола.

Покрај испаѓањето, на Сампдорија им се заканува и банкрот, по обвиненијата за корупција и криминал за газдата на клубот, Масимо Фереро, кој неколку пати одбиваше да го продаде клубот.

СЕРИЈА А, 34.КОЛО
Удинезе – Сампдорија 2:0
Емполи – Салернитана 2:1

Scroll to Top