Top Sport

Удинезе го победи Интер и се искачи на врвот во Серија А

Удинезе не е веќе изненадување во Серија А, затоа што го победи Интер со 3:1 на „Фриули“ и се искачи на врвот на табелата во Серија А со 16 бода. За Интер тоа е трет пораз во шампионатот, а можеби и последен за тренерот Симоне Инзаги на клупата.

Интер добро го отвори мечот. Николо Барела постигна прекрасен гол од слободен удар во петтата минута, но Удинезе израмни со автоголот на Шкриниар во 22.минута.

Во вториот дел, Јака Бијол донесе предност за Удинезе во 84.минута, а во судиското продолжение Арслан го постави конечниот резултат.

 

Scroll to Top