Фудбалерите на Удинезе го совладаа лидерот во Серија А, Интер. Тимот од Удинена „Џузепе Меаца“ во Милано, во рамките на 17.коло, победи со 3.1 (1:1).
Интер до ова коло беше единствениот непоразен тим во првенството, но против Удинезе го одигра најлошиот меч од стартот на сезоната и заслужено беше поразен.
Удинезе под водство на новиот тренер Масимо Одо ја забележа третата победа во низа, вкупно седма во првенството.
Изненадувањето во Милано го најави Кевин Ласања кога во 14.минута го совлада Самир Хандановиќ. Интер веднаш се врати во мечот, 71 секунда по голот на Удинезе, Мауро Икарди израмни на 1:1. Аргентинецот го постигна 17.гол во сезоната.
Во 61.минута, дефанзивецот на Интер, Давиде Сантон, играше со рака пред својот гол, а откако главниот судија ја прегледа снимката досуди пенал за Удинезе. Сигурен реалзизатор беше Родриго Де Паул.
На десет минути до крајот конечниот резултат го постави Антоњин Барак.
Интер со овој пораз може да го загуби и лидерското место на табелата. Тимот на Лучано Спалети можат да го минат Наполи, кој вечерва игра против Торино и Јувентис кој в недела ќе гостува во Болоња.