Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид и еден од најтрофејните тренери во историјата на клупскиот фудбал, ќе мора да оди на испит кај УЕФА за да може да продолжи да биде тренер, јавува „Кориере дело спорт“.
Според италијанскиот весник, тренерските „беџови“ на Анчелоти истекле на 31 декември 2021 година, по што УЕФА му пратила писмо на 62-годишниот Италијанец дека ќе мора да оди на испит кај Шпанската фудбалска федерација пред да добие обновување на сертификатот.
Анчелоти освои 21 трофеи со Милан, Челси, Пари Сен-Жермен, Реал Мадрид и Баерн Минхен, вклучувајќи три титули од ЛШ, лигашки трофеи во Италија, Франција и Англија, а минатиот месец го освои и Суперкупот на Шпанија со Реал.