Top Sport

УЕФА целосно ги исфрли Русите од сите натпреварувања следната сезона

Европската куќа на фудбалот УЕФА ги потврди сите суспензии за руските клубови и репрезентации, исфрлајќи ги од европските клупски натпреварувања и од Европскот првенство за жени, каде што ќе ги замени Португалија.

Русија нема да може да настапува во Лигата на нации на УЕФА, со што директно испаѓа од Лига Б во Лига Ц како последнопласирана, а ниту еден клуб немаа да може да игра во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига на УЕФА. Ов значи дека директното место на Зенит Санкт Петерсбург како шампион во Лигата на шампиони оди кај шкотскиот шампиом, Селтик.

Покрај тоа за неприфатливи се сметаат кандидатурите на Русија за Европското првенство во машка конкуренција во 2028 и 2032 година, со образложение дека одлуките се донесени за да се осигура „оддрржување на натпреварувања во безбедна атмосфера“.

Scroll to Top