Top Sport

УЕФА ги казни Манчестер јунајтед и Барселона за прекршување на финансискиот ферплеј

Манчестер јунајтед и Барселона беа казнети за прекршување на финансискиот ферплеј (ФФП) на УЕФА, објави европската федерација во последниот извештај.

Англискиот клуб доби казна од 300.000 евра за „мал дефицит“ за финансиските години од 2019 д 2022, додека Барса доби поголема казна од 500.000 евра за „погрешно изестување на профитите за финансиската година 2022“.

ФФП беше воведен во 2009 година од УЕФА за да се спречи клубовите да трошат повеќе од својата заработувачка и така да ја нарушат сопствената финансиска стабилност на долги патеки. Милан, Интер и Пари Сен-Жермен, кои беа казнети во септември, успеја да ги достигнат постриктните финансиски цели за минатата сезона и овојпат не се казнети, иако УЕФА ќе продолжи да ги контролира и во следните 12 месеци.

Scroll to Top