Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди казните за шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри. Двајцата ќе пропуштат еден натпревар на националнио тим.
Мората и Родри на прославата на европската титула во Мадрид пееја „Гибралтар е шпански“.
Со ова предизвикаа меѓународен инцидент, регираше британскоот министерство за надворешни работи и властите на Гибралтар, а УЕФА веднаш покрена истрага.
УЕФА реши да ги суспендира на еден натпревар. Ова значи дека Мората и Родри ќе го пропуштат натпреварот со Србија во Белград, во првото коло во Лигата на нации.