Top Sport

УЕФА ги казни Партизан и Келн

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Партизан поради фрлање предмети од трибините на теренот, употреба на пиротехнички средства и блокирани премини на стадионот на натпреварот од второто коло од групата Д на Конференциската лига против Ница (1:1).

Црно-белите ќе треба да платат казна од 70.000 евра и да затворат 6.000 места по свој избор за следниот натпревар од Конференциската лига против Келн.

Во исто време УЕФА го казни и Келн со 100.000 евра поради дивеењето на неговите навивачи во Франција против Ница, а германскиот клуб нема да може да смета на поддршката од своите симпатизери за следните две гостувања против Партизан во Белград и Словачко, во Ухерски Храдиште во Чешка.

Дуелот меѓу Партизан и Келн е закажан за 13. октомври во Белград.

Scroll to Top