Top Sport

УЕФА ги казни Селтик и ПСЖ

УЕФА ги казни тимовите на Селтик и на Пари Сен-Жермен за проблемите со публиката во нивниот меч од Лигата на шампионите.

Телото за контрола, етика и дисциплина ги казни Селтик со 10.000 евра за влегувањето на навивач на теренот, кој потоа се обиде да го удри напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе при 0:5 поразот во првиот меч од групата Б.

Навивачот трчаше кон младиот француски напаѓач по третиот гол на ПСЖ, пред да биде отстранет од стјуардите. ПСЖ доби казна од 5.000 евра откако нивните навивачи кршеа столчиња на „Селтик Парк“.

Базел исто така е казнет со 12.000 евра откако нивните навивачи фрлаа факли на теренот во мечот против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top