Top Sport

УЕФА ги менува правилата поради „триковите“ на Челси и Јувентус

УЕФА ги потврди промените во правилата за финансискиот ферплеј (ФФП), со цел да се спречи повторување на лудото трошење на Челси во последните два преодни рока, и побара анализа на извештаите за приходите на клубот по скандалот со Јувентус во Серија А.

Покрај тоа, УЕФА го смени името на Конференциската лига Европа, во едноставно Конференциска лига.

Во обид да се спречи трикот на Челси со потпишување на договори на невообичаено долго време, и така да се прераспределат трошоците на повееќе години, УЕФА поставува лимит од пет години за оценувањето на ФФП, дури и договорот да е подолг. Ова нема да важи ретроактивно, така што Челси ќе може да го искористи трикот за амортизација на трошоците.

ФФП исто така ќе се смени со воведување на однос на трошоци во тимот, така што трошењето на пари за плати, трансфери и провизии нема да може да надмнува 70 отсто од приходите во клубот. Ова ќе се воведе целосно во 2025/26, со 90 отсто во 2023/24 и 80 отсто во 2024/25.

УЕФА исто така побара сите професионални клубови да се придржуваат на „интернационалните сметководствени принципи“ околу пријавувањето на капиталните приходи, откако Јуве беше казнет со 10 поени во Серија А за вештачко зголемување на вредноста на трансферите.

Scroll to Top