Европската фудбалска федерација (УЕФА) номинираше тројца фудбалери во изборот за најдобар во изминатата сезона. Во конкуренција за престижната награда се двајца фудбалери на Баерн Минхен и еден на Манчестер сити.
Роберт Левендовски, Мануел Нојер и Кевин Де Брујне се во конкуренција за наградата. Најголем фаворит во оваа конкуренција е напаѓачот на Баерн, Левандовски.
Полскиот репрезентативец ќе беше и прв фаворит за наградата на ФИФА, меѓутоа Светската фудбалска федерација оваа година нема да ја додели наградата.
УЕФА објави дека во конкуренција за наградата тренер на сезоната се Германците Ханси Флик (Баерн), Јирген Клоп (Ливерпул) и Јулијан Нагелсман (Лајпциг).