УЕФА го казни турскиот шампион Галатасарај со фантастични 6 милиони евра поради финансиски неправилности, потврди европската куќа на фудбалот.
Според новиот договор помеѓу УЕФА и Галатасарај, клубот ќе мора да има „балансирани“ сметки во периодот 2021/22. Максималниот дефицит кој ќе смее да го има турскиот гигант ќе биде 20 милиони евра во 2019 и 10 милиони евра во 2020 година.
Доколку Галата не го оствари ова, клубот ќе плати дополнителни 9 милиони евра казна. Галатасарај минатиот месец ја освоија рекордната 21. титула во Турција.
УЕФА исто така потврди дека другиот турски гигант, Бешикташ ги исполнил сите побарувања со претходниот договор за 2017/18. Фенербахче и Трабзонспор пак, ги исполниле делумно ветувањата, така што за нив ќе продолжат да важат ограничувањата за трансфери и во следната сезона.
Фото: ЕПА