Top Sport

УЕФА ги враќа Русите и Белорусите во У-17 натпреварувањата

УЕФА подготвува план за враќање на руските фудбалери во европските натпреварувања првпат по инвазијата на Украина во фвруари 2022, обидувајќи се да овозможни У-17 репрезентациите во машка и женска категорија да бидат вратени во системот бидејќи „децата не треба да страдаат поради постапките на возраснит“.

Нивните мечеви ќе мора да бидат играни без знаме, химна или ознаки на дресот, и сигурно не во Русија, а УЕФА посочуваа дека суспензијата за сениорските репрезентации останува на сила.

Русија требаше да игра бараж со Полска за пласман на СП во 2022, и откако Полјаците одбија да играат, УЕФА реши да ги суспендира сите руски и белоруски клубови. Санкт Петерсбург требаше да биде домаќин на финалето на ЛШ во 2022, кое беше префрлено во Париз, а Суперкупот ова лето требаше да се одигра во Казан.

„УЕФА беше првата спортска федерација која реагираше на војната во Украина и донесе одлука во февруари 2022 да ги суспендира сите руски тимови. Но, УЕФА е свесна дека децата не треба да страдаат поради постапките кои ги прават возрасните и сметаме дека фудбалот никогаш не треба да се предаде од пораките за мир и надеж. Извршниот комитет на УЕФА реши дека руските тимови со малолетници ќе бидат вратени на натпрварувањата оваа сезона и сега треба да се најде техничко решение за У-17 репрезентациите.

Scroll to Top