УЕФА му одреди суспензија од три меча во европските натпреварувања на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар за навредување на судиите преку пост на Инстаграм по шокантната елиминација на ПСЖ од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Нејмар, кој не играше тогаш поради повреда на стапалото, по мечот им порача на судиите „да се е.ат“ по ВАР одлуката да се досуди пенал во судското продолжение за игра со рака, по што Јунајтед победија со 3:1 и го елиминираа клубот по домашниот 0:2 пораз.
„Тие ставија четири момци кои не го разбираат фудбалот да ги гледаат успорените снимки. Тоа не постои. Одете е.ете се!“, напиша Нејмар.
Оваа казна значи дека Нејмар ќе ги пропушти половината од шесте натпревари по групи во Лигата на шампионите следната сезона.