Top Sport

УЕФА го казни Нејмар три меча за навредите на Инстаграм

УЕФА му одреди суспензија од три меча во европските натпреварувања на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар за навредување на судиите преку пост на Инстаграм по шокантната елиминација на ПСЖ од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Нејмар, кој не играше тогаш поради повреда на стапалото, по мечот им порача на судиите „да се е.ат“ по ВАР одлуката да се досуди пенал во судското продолжение за игра со рака, по што Јунајтед победија со 3:1 и го елиминираа клубот по домашниот 0:2 пораз.

„Тие ставија четири момци кои не го разбираат фудбалот да ги гледаат успорените снимки. Тоа не постои. Одете е.ете се!“, напиша Нејмар.

Оваа казна значи дека Нејмар ќе ги пропушти половината од шесте натпревари по групи во Лигата на шампионите следната сезона.

Нејмар беснеел на „Инстаграм“ по елиминацијата на ПСЖ

Scroll to Top