Европската фудбалска унија го казни Пари Сен Жермен затоа што навивачите на тој клуб, меѓу другите обвиненија, истакнаа пораки за поддршка на палестинскиот народ за време на финалето на Лигата на шампионите.
За овој „прекршок“ клубот ќе плати 10.000 евра.
Истот така, ПСЖ ќе мора да плати вкупно 148.000 евра во касата на УЕФА, при што клубот ќе ја сноси најголемата сума поради навивачите што излегоа на теренот (100.000) и употребата на пиротехнички средства (30.000).
Дополнителни 8.000 ќе бидат платени за штетата предизвикана од навивачите на трибините за време на натпреварот со Интер (5:0).
Доколку се повторат слични испади во следните две години, на клубот ќе му биде забрането да продава билети на своите навивачи за следниот натпревар на гости под покровителство на УЕФА.
Ултрасите на Пари Сен Жермен со месеци се истакнуваат во поддршка на палестинскиот народ. Знамињата на оваа земја се редовни на нивната трибина, но во Франција тие не трпат последици поради овој став.
УЕФА, како што е добро познато, строго забранува какви било политички слогани на натпреварите што се играат под нејзино покровителство, па затоа немаше попуст кога стануваше збор за поддршка на Палестина.
🚨🚨 LE TIFO DU PSG :
« FREE PALESTINE » 🇵🇸#PSGATL pic.twitter.com/ykfypxLWsy
— 𝐘𝐀𝐒𝐄𝐄𝐍 (@YaseenPvris) November 6, 2024