Техничките аналитичари на УЕФА, по завршено финале во Лигата на шампионите, применувајќи неколку стандардизирани параметри го одбраа идеалниот тим за сезоната 2017/2018.
Идеалниот тим брои 18 фудбалери, а во него има двајца голмани, шестмина дефанзивци и по петмина играчи од средниот ред и нападот.
Старо-новиот европски правк Реал Мадрид со осум фудбалери партиципира во идеалниот тим, Баерн и Ливерпул имаат по тројца фудбалери, Рома има двајца, а по еден еден играч доаѓа од Јувентус и Манчестер Сити.