Пред гласањето за 2017 година, европската куќа на фудбалот (УЕФА) го објави „ултимативниот“ тим на годината, односно фудбалерите за кои најчесто се гласале од воведувањето на наградата во 2001година.
Меѓу најдобрите 11 фигурираат дури шест Шпанци, шест фудбалери кои играле во Барселона и три кои играле во Реал Мадрид.
Во состав 4-3-3 на голот, секако, е Икер Касиљас, одбраната ја предводат Серхио Рамос, Жерард Пике, Карлес Пујол и Филип Лам, средниот ред е под контрола на Чави, Андрес Иниеста и Стивен Џерард, додека нападот е навистина моќен – Тјери Анри, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Роналдо е ѕвезда на изборот бидејќи бил присутен во 11 од 16 избори за тимот на годината, вклучувајќи ги последните 10. Меси, од друга страна осум пати бил во идеалниот тим, а по шест појавувања имаат Касиљас, Пујол, Серхио Рамос и Иниеста. Со пет тука се Лам, Пике, Чави и Анри, додека Џерард има три појавувања.