Top Sport

УЕФА го одложи гласањето за реформите на ЛШ по револтот на клубовите

Плановите на УЕФА за реформа на Лигата на шампионите засега пропаднаа откако клубовите се побунија на промените додадени во последен момент, и сега наместо на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА утре, ќе се гласа на 19 април по нови дискусии со клубовите.

УЕФА преговараше со клубовите, лигите и федерациите неколку месеци, но нема да го стави предлогот на гласање пред да биде одобрен. Во планот предвидува зголемувањето на Лигата на шампионите од 32 на 36 клуба, зголемување на бројот на мечеви за 100 и преферирање на големите клубови од 2024.

Откако УЕФА добила приговори од Англиската фудбалска федерација, Премиер лигата, но и повеќе федерации и лиги во Европа, се сметало дека не е потребно предлогот да се стави на гласање.

Ларс-Кристер Олсон, претседателот на Европските лиги (ЕЛ), асоцијацијата на послабите лиги, бара да се гарантираат места за шампионите, а не само удоволување на најголемите европски клубови, кои пак подолго време се закануваат со формирање на Европската суперлига доколку не бидат исполнети нивните барања.

Scroll to Top