Здружението на европските фудбалски клубови (ЕЦА) ја поддржува трансформацијата на актуелниот формат, по кој се игра Лигата на шампионите. Промените би се случиле од 2024 година. Ова е решено на синоќешното генерално собрание што се одржа во Амстердам, а на кое присуствуваше и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
Првиот човек на ЕЦА, Андреа Ањели, не сакал да открива детали, само рекол дека „се уште се дискутира околу промените“, но потврдил дека сигурно ќе има промени во форматот на елитното фудбалско натпреварување.
Интересно е што една од фракциите на ЕЦА, заговара, во првите неколку сезони натпреварите од нокаут фазата и финалето да се играат во викендите.
Жестоки противници на оваа идеа се Шпанците. Претставниците на шпанските клубови рекле: „Не дојдовме да разговараме за натпревари што ќе се играат во викендите, туку за промената на форматот на ЛШ и за светското клупско првенство“.
Првиот човек на УЕФА, Чеферин, го поддржува планот за формирање на СУперлига, односно натпреварување во кое би играче најмоќните европски клубови, иако е свесен дека на оваа идеа ќе се противат претставниците на послабите Сојузи, кои го имаат мнозинството во Европската куќа на фудбалот.
Претставник на Здужението на европските национални првенства смета дека формирање на Суперлигата, или лигата на богатите, ќе има катастрофални последици за помалку богатите клубови, односно за клубовите што не спаѓаат во елитното друштво.
„Ги браниме сопствените интереси. Јасно ни е дека нашите идеи и цели не се според желбите на мнозинството, меѓутоа за да ги истуркаме нашите идеи не ни е потребна нивната поддршка“, порачале „богаташите“, односно оние што заговараат формирање на Суперлигата.
Чеферин се надева дека помалите Сојузи ќе се задоволат со најавеното проширување на Лига Европа. Од сезоната 2020/2021 Лига Европа ќе има две дивизии.
На крајот претседателот на ЕЦА, Ањели, рекол дека преговорите со УЕФА се далеку од завршени, односно дека ќе има уште многу дискусија на оваа тема. Тој е свесен дека до 2024 година нема да може да се случи никава промена, бидејќи структурата на ЛШ е договрена однапред и важи во наредните пет години.