Top Sport

УЕФА го скрати списокот со потенцијалните ривали на Шкупи

Шкупи ги дозна можните ривали во третото коло во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион во второто коло ќе игра против Динамо Загреб.

Доколу успее да направи изненадување, Шкупи во третото коло ќе го чека еден од овие тимови: Аполон Лимасол (Кипар), Лудогорец (Бугарија)/Шамрок (Ирска) и Ференцварош (Унгарија)/Слован Братислава (Словачка).

Шкупи во второто коло најпрвин ќе гостува во Загреб кај Динамо на 19.јули, а потоа ќе го пречека хрватскиот шампион во Скопје на 26.јули.

Фото/Игор Паневски

Scroll to Top