Top Sport

„УЕФА го убива фудбалот“, скриена порака на португалските навивачи

Навивачите на португалскиот клуб Виторија Гимараеш (White Angels) воодушевија со својата скриена порака со жестоко ја критикуваа УЕФА. Виторија, синоќа во второто коло во Лига Европа се поразени од Ајнтрахт Франкфурт (0:1).

Навивачите на Виторија преку целата трибина рашириле знаме со името на нивната група и со порака: „Under fans skills football is better“. Некои од буквите се напишани со жолти букви кои кога ќе се спојат ја пренесувата пораката „UEFA kills football“.

На овој начин навивачите на португалскиот клуб и порачаа на УЕФА дека не се задоволни со термините во кои Виторија треба да ги игра наредните две средби на домашен терен во Лига Европа.

УЕФА во непопуларен термин, од 15.50 часот, одреди Виторија да ги пречека Арсенал и Стандард.

Scroll to Top