Top Sport

УЕФА го зголеми наградниот фонд во Лигата на Нации

Иако на почеток со недоверба се гледаше на новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации, очигледно е дека експериментот донел позитивни резултати, поради што во пресрет на третото коло е објавено дека се зголемено паричните награди.

Наградниот фонд е зголемен за 50 отсто. Ова значи дека Македонија која се натпреварува во Д-дивизијата, наместо предвидените 500.000 евра, само за учеството ќе добие еден милион евра, а уште толку пари избраниците на Игор Ангеловски ќе и донесат на ФФМ, доколку во конкуренција на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар го обезбедат првото место во групата.

Инаку, покрај паричната награда од еден милион евра за освоеното прво место, Македонија ќе избори пласман во Ц-дивизијата.

Во октомврискиот циклус Македонија в сабота ќе го пречека Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе гостува кај Ерменија. По првите две кола Македонија води со шест бода.

фото: ffm.mk

Scroll to Top