Top Sport

Погба: Варан, Мбапе или Гризман да ја добијат Златната топка

Пол Погба, од сите проблеми во Манчестер јунајтед мир наоѓа кога е со колегите од репрезентацијата на Франција. Погба за француските медиуми рекол дека Златната топка на „Франс фудбал“ треба да ја добие некој од неговите колеги од репрезентацијата.

„Гризман, Мбапе, Варан ја заслужуваат наградата повеќе од мене. Не можам да се одлучам за било кого, но се надевам дека ќе му припадне на некој од нив. Заборавив тука е и Канте. Се надевам дека ќе биде така. Многумина ја заслужуваат наградата, јас не сум во таа група“, рекол играчот на Манчестер јунајтед.

Инаку, престижниот „Франс фудбал“, во понеделниот објави 30 имиња кои конкурираат за Златната топка која во последните десет години ја освојуваа само Меси и Роналдо.

Според ФИФА најдобар играч во изминатата година бил Лука Модриќ.

Scroll to Top