УЕФА и формално ги откажа финалињата на Лигата на шампионите, на Лига Европа и на Женската Лига на шампиони, кои требаше да се оддржат во мај. Причината, секако, е пандемијата на корона вирусот, откако европските натпреварувања паузираат веќе две недели.
„Нема донесено одлука за презакажување на термините“, се вели во соопштението на УЕФА.
Минатата недела УЕФА го одложи Европското првенство во фудбал во 2020 година за следното лето. Финалето на ЛШ беше закажно на 30 мај, на Лига Европа на 27 мај, а женското финале на ЛШ на 24 мај.