Top Sport

„УЕФА и ја враќа услугата на Англија поради Суперлигата“

Ден пред финалето на Европското првенство, во кое за титулата ќе се борат Италија и Англија, од Апенинскиот полуостров започнаа со „провокациите“. Причина е спорниот пенал, со кој Англија успеа да ја елиминира Данска во полу-финалето. .

Влијателниот „Газета дело Спорт“, објави текст во кој се наведува дека УЕФА и нејзиниот претседател Александар Чеферин, сакаат да и се оддолжат на Англија и премиерот Борис Џонсон.

Причина? Борис Џонсон прв го крена гласот против европската Суперлига. Шестте англиски клуба се повлекоа по 24 часа од основањето на лигата, поради што целиот проект пропадна.

„Италија, внимавај: Англија со политички ветер влезе во финалето“, стои во насловот.

Во текстот пишува:

„Подарениот пенал, кој на тимот на Саутгејт му овозможи да ја елиминира Данска, само ги потврдува сомнежите дека треба да му се врати услугата на Борис Џонсон, кој се смета за спасител на европскиот фудбал, откако жестоко ја нападна Суперлигата“.

„Газета дело Спорт“, ја пренесува и изјавата на Џонсон од пред два месеци.

„Ќе направиме се што можеме, за да не дозволиме реализација на проектот. Мислам дека тоа не е добра вест за навивачите и за фудбалот во оваа земја“, рекол британскиот премиер.

Scroll to Top