УЕФА, вчера, му ја одзеде организацијата на ЕУРО 2020 на Билбао, а денеска истото го направи и со Даблин.
Билбао и Даблин беа меѓу 12. градови, кои УЕФА ги одбра да бидат домаќини на натпреварите на кои ќе се игра ЕУРО, кое требаше да се одржи минатата година. Првенството беше откажано поради пандемијата на коронавирусот.
Во меѓувреме, УЕФА, од организаторите, побара да потврдат, дека ова лето, ќе дозволат присуство на навивачи на натпреварите.
Билбао и Даблин не можеа да ги испочитуваат здравствените протоколи. Организацијата на натпреварите од Билбао ќе ја преземе Севилја, а се претпоставува дека натпреварите кои требаа да се играат во Даблин, ќе бидат префрлени во Лондон.
Оба значи дека ЕУРО ќе се игра во 11 градови, покрај Севилја и Лондон, тука се Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копемхаген, Рим, Глазгов, Санкт Петербург и Минхен.