Динамо АЕК, во Загреб од 20 часот го играат првиот натпревар од третото квалификациско во Лигата на шампионите. Претставниците на УЕФА пред натпреварот на „Максимир“, одржаа состанок со претставници на Динамо и АЕК и им испратија строго предупредување на клубовите.
УЕФА на присутните им нагласи дека очите на целиот свет се насочени кон овој натпревар и тоа од погрешни причини.
„Доколку има лице без билет на стадионот, ако се запали факел, ако падне петарда или ако има некое лошо однесување на теренот или надвор од него, се ќе се снима и ќе следи соодветна казна“, им порачале од УЕФА на претставниците на Динамо и АЕК. Истите правила важат и за реваншот во Атина, кој ќе се игра в сабота.
Првиот натпревар требаше да се одигра минатата недела, но невидена трагедија и смртта на навивач на АЕК ја принудија УЕФА да го одложи натпреварот во Грција и да го префрли за сабота, 19 август, со почеток во 20:45 часот во Атина.