Top Sport

УЕФА им забрани на „Шверцери“ да патуваат во Софија

Навивачите на Шкупи (Шверцери), добија забрана од УЕФА за патување во Софија на реванш натпреварот против Левски, од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

УЕФА и вториот натпревар го прогласен за натпревар од висок ризик. Одлуката за забрана на патување на гостинските навивачи, УЕФА ја донела по извршените консултации со претставниците на двата клуба и националните асоцијации.

По повод одлуката на УЕФА, Шкупи објави соопштение во кое потенцира дека нема да организира патување во Софија и ги повика навивачите да не патуваат во бугарската престолнина.

Левски и Шкупи реваншот на стадионот „Георги Аспарухов“ ќе го одиграат во четврток, со почеток во 19 часот. Според бугарските медиуми билетите за натпреварот се распродадени.

Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на Левски од 2:0.

Scroll to Top