УЕФА ја соопштија казната за фудбалскиот клуб Милан поради кршењето на правилата од финансискиот фер-плеј. Иако, УЕФА не му забрани на клубот трансфери на фудбалери, што беше очекувано, сепак драстично го казни италијанскиот великан.
Милан ќе биде на условна казна во наредните две години, а доколку во тој период го прекрши финансискиот фер-плеј, веднаш ќе биде исклучен од европските купови. Истото ќе му се случи на клубот доколку не биде постигнат баланс во буџетот.
Покрај тоа, УЕФА нема да му го исплати бонусот од 12 милиони евра, што му следува на клубот како надомест за учество во европските натпревари.
Исто така, Милан во наредните две години, за учество во европските купови ќе може да пријави само 21 фудбалер.