УЕФА ја исфрли Осасуна од настапот во Конференциската Лига Европа по препораката на инспекторите поради „местенки“ од пред една деценија.
Осасуна го освои седмото место во Ла лига, со што го обезбеди местото во најслабото европско натпреварување, но според сегашната ситуација ова место ќе припадне на осмопласираните Атлетик Билбао.
Во јануари оваа година, неколку поранешни членови на бордот на директори беа осудени за „фалсификување документи, затајување данок и спортска корупција“. УЕФА истражуваше дали клубот е вмешан во овие скандали или се работи за индивидуална вина, за на крајот да оценат дека не заслужуваат место во натпреварувањето. Клубот објави дека ќе се жали на одлуката, обвинувајќи ги УЕФА дека се „силни кон слабите, и слаби кон силните“.
„УЕФА не сакаше да го земе во предвид тоа што шпанските судови го потврдија – Осасуна беше жртва на криминал од страна на поранешни директори. Со оваа одлука, УЕФА сака повторно да ја казни Осасуна под ново водство, тоа кое поднесе пријава до шпанските власти и се обиде да го врати спортскиот интегритет. Ова е единствен случај во европскиот фудбал во кој клубот ги тужи поранешните директори. Одлуката на УЕФА е контрапродуктивна за фудбалот“, велат од Осасуна.
COMUNICADO OFICIAL | Comunicado sobre la recomendación de los inspectores de la UEFA de no admitir la inscripción del club en la Conference League 23-24.
— C. A. OSASUNA (@Osasuna) June 23, 2023
Скандалот со шпанските „местенки“ заврши – двајца фудбалери и ексдиректорот на Осасуна во затвор!