Top Sport

УЕФА ја казни Рома – „Волчицата“ мора да плати 4,3 милиони евра

Како што објавија италијанските медиуми во понеделникот, Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни Рома затоа што клубот не ги исполни условите за капитални добивки на УЕФА.

Рома не успеа да достигне 24 милиони евра капитална добивка заклучно со 30 јуни. Клубот останал „краток“ за повеќе од два милиони евра и затоа ќе мора да плати казна од 4,3 милиони евра на УЕФА.

Сепак, Рома успеа да избегне уште поригорозна казна која можеше да се одрази со намалувањето на бројот на играчи кои се дозволени за лиценцирање за Европа или дури и исклучување од евро-куповите.

И покрај казната, Жозе Мурињо летово ќе може да донесе засилувања бидејќи доволно пари се обезбедени со продажба на играчи.

Scroll to Top