Европската фудбалска унија (УЕФА), во својот годишен извештај, ја објави листата на најбрзите фудбалери во минато сезонското издание на Лигата на шампионите.
Најголема брзина, во еден момент на некој натпревар, развил напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец, во финалето, против Баерн Минхен, трчал со брзина од 33,98 километри на час.
Следуваат двајца бекови, Лукас Клостерман од Лајпциг (33,89 км/ч) и Ханс Хатебур од Аталната (33,71 км/ч).
За споредба најбрзиот човек во историјата, Усени Болт, кога го поставил светскиот рекорд (9,58 секунди), во еден дел од тргата развил брзина од 44,64 км/ч.