Top Sport

УЕФА  ќе активира казна против Црвена звезда

Црвена звезда поради пропустот на организацијата на мечот против Келн во групната фаза на Лигата на Еворпа е казнета со затворање на една трибина на две години и со 56.000 евра, потврдија српските медиуми.

Ова е казна за случувањата на мечот на 7 декември и нема врска со претходната казна на српскиот клуб, ниту таа која ќе му следува за проблемите на мечот со ЦСКА минатата недела. Дисциплинската комисија на УЕФА утврдила дека навивачите на Звезда користеле пиротехнички материјали, ги блокирале премините и фрлале предмети на теренот.

Звезда ја чека уште една казна за мечот против ЦСКА  во шестнаесетфиналето на ЛЕ. Претходно УЕФА ја уважи жалбата на Звезда за мечот со ЦСКА Москва да е одигра пред публика, откако претходно беа казнети за транспарентите за поддршка на воениот злосторник Ратко Младиќ на гостувањето кај БАТЕ Борисов во Белорусија. Наместо пред празни трибини, српскиот тим доби условна казна од две години и 30.000 евра.

Scroll to Top