Top Sport

УЕФА ќе ги скрати квалификациите за ЛШ и ЛЕ

Пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19 веројатно ќе предизвика промени во квалификацискиот формат за Лигата на шампионите и Лига Европс.

„Тајмс“ пишува дека УЕФА сериозно размислува да ги скрати претколата во европските купови, а во најлош случај и да ги откаже квалификациите.

Стартот на новата сезона во Лигата на шампионите е планиран за 20 октомври.

Според актуелниот формат во Лигата на шампионите се играат четири преткола и плејоф, додека во Лига Европа се играат три преткола и плејоф.

Приоритет на УЕФА е да најпрвин да ја завршат започната сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа. Според шпекулациите завршницата во двете натпреварувања ќе се одигра во август.

Во тој случај ќе остане малку време за квалификациите. Доколку да го намали бројот на квалификациските рунди тоа значи дека ќе мора да го намали и бројот на екипите што ќе учествуваат во квалификациите.

Scroll to Top