Во Европската фудбалска унија (УЕФА) наводно размислувале да го прошират елитниот ранг од Лигата на нации, објави агенцијата Асошиејтед прес. УЕФА планира измени иако ова натпреварување стартуваше пред една година, а во јуни елитниот ранг го доби првиот победник.
УЕФА имале намера А-групата да ја прошират, односно наместо 12 во елитниот ранг да се натпреваруваат 16 репрезентации.
За овој предлог ќе се разговара денес на состанокот во Љубљана.
Доколку дојде до проширување најголем бенефит ќе имаат Хрватска, Германија, Исланд и Полска. Овие четири селекции во тој случај би останале во А-групата, иако во првото издание на Лигата на нации испаднаа во понизок ранг.