Европската куќа на фудбалот УЕФА оддржа конференција со Европол, заедничката европска полиција за да се договара соработка во борба против местењето мечеви во фудбалот.
Вкупно 109 полициски и судски власти се сретнаа со 49 фудбалски асоцијации во Ден Хаг во прва ваква соработка со која се надеваат дека ќе се сузбие корупцијата во спортот објавувајќи дека ќе се работи на „идентификување на нови постапки за истрага за спортската корупција и местењето мечеви“.
„Денеска, повеќе од било кога претхоно, европскиот фудбал и полициските власти мораат да останат обединети за да го спречат нашиот спорт од чумата на местење на мечеви, со имплементација на заеднички проекти и споделување информации“, изјави Винсент Вен, шефот на УЕФА за борба за местење мечеви.