Top Sport

УЕФА листа: Шкендија 174., Шкупи 178,, Македонија е на 50.место

Foto/ kfshkendija.com

Фудбалерите на Манчестер сити се први на најновата листа на клупски коефициенти. Кога станува збор за националниот коефициент, убедливо прва на УЕФА листата е Англија. Македонија на оваа листа е на 50.место, додека од клубовите најдобар рејтинг има Шкендија (174. место).

Актуелните шампиони на Европа, Манчестер сити, со коефициент 141.000 зад себе ги оставија Баерн (136.000), Реал (123.000), ПСЖ (108.000) и Ливерпул (103.000).

Од македонските клубови најдобар рејтинг има Шкендија (174), следуваат Шкупи (178), Струга (328), Македонија ЃП, Силекс, АП Брера, Ренова.

Кога станува збор за националниот коефициент, Англија е убедливо прва со 98.803 поени, Шпанија е втора (85.614), Италија е трета (82.141), Германија е четврта (79.909), а Франција е петта (60.831).

На оваа листа, во конкуренција на 55 држави, Македонија се наоѓа на 50.место. Зад Македонија се само Андора, Велс, Црна Гора, Гобралтар и Сан Марино.

Scroll to Top