Во сеќавање на Емилијано Сала, пред мечевите од Лигата на шампионите и Лига Европа оваа недела ќе има минута молк, потврди УЕФА.
Сала, кој потпиша за Кардиф сити од Нант во јануари за рекордни 15 милиони фунти, загина кога неговиот авион падна во Ла Манш минатиот месец. Неговата смрт беше потврдена минатата недела, кога неговото тело беше пронајдено во остатоците од авионот.
„Од сите во УЕФА, изразувам искрено сочувство до семејството и саканите на Емилијано Сала. Жалам што неговиот живот беше толку сурово одземен и барам од сите навивачи на континентот да му оддадат почит во следните денови“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
УЕФА исто така потврди дека клубовите можат да носат црни ленти на рацете во чест на аргентинскиот напаѓач.
Фото: ЕПА
As a mark of respect to the life of Emiliano Sala, a minute’s silence will be held at all @ChampionsLeague and @EuropaLeague matches this week.https://t.co/Fc1RgO4TC4
— UEFA (@UEFA) February 12, 2019