Top Sport

УЕФА му го честиташе 44. роденден на Станковиќ со неверојатниот гол против Шалке

Дејан Станковиќ, поранешниот фудбалер на врска на Црвена звезда, Лацио и Интер денеска го прославува својот 44. роденден, и официјалниот Твитер профил на УЕФА реши да му го честита роденденот со неговиот можеби најубав гол во кариерата.

Се работи за мечот од четврт-финалето на ЛШ во 2011, кога Интер на „Сан Сиро“ го пречека Шалке, а веќе во првата минута, голманот Мануел Ноер истрча да реагира, но за негова несреќа топката дојде до Србинот, кој шутираше од прва и од половина терен постигна неверојатен гол.

Станковиќ, неодамна, си замина од позицијата тренер на Црвена звезда, иако минатата сезона ја освои двојната круна и ги внесе во групната фаза на Лига Европа.

Scroll to Top