Белгискиот шампион Андерлехт доби една од најнеочекуваните казни во светскиот фудбал, откако УЕФА им нареди да вратат по 30 евра на секој навивач на Баерн кој присуствувал на мечот на „Констант Ванден Сток“ во Брисел од Лигата на шампионите.
Андерлехт, како домаќин, одреди цена од 100 евра за гостинските навивачи, но телото за контрола, дисциплина и етика на УЕФА одлучи дека ова е потег кој не може да се прости. Белгијците сега имаат 15 дена да ги вратат парите.
Навивачите на баварскиот клуб тогаш официјално протестираа за превисоките цени, а поддршка добија и од тренерот Јуп Хајнкес.
Слична „војна со цени“ има и пред осминафиналето од Лигата на шампиони меѓу Манчестер јунајтед и Севилја, откако Јунајтед ги зголеми цените за гостите за да врати на навивачите кои ќе патуваат со нив во Шпанија.
Money being thrown on the field during Champions League match between Anderlecht and Bayern Munich pic.twitter.com/wLF2EX5wLB
— Igor Mello (@SuperIgor) November 22, 2017