УЕФА последен пат го предупреди ПСЖ, клубот да го „испегла“ финасиското работење или во спротивно наредната сезона нема да може да се натпреварува во Лигата на шампионите.
Проблем за ПСЖ да го испочитува финасискиот ферплеј на УЕФА е трансферот на Нејмар од 222 милиони евра. Клубот од Париз мора да продава за да „испегла“ финансиското работење, до крајот на преодниот рок мора да продаде играчи во вредност од околу 70 милиони евра.
УЕФА најави дека доколку ПСЖ до јуни не го испочитува финансискиот ферплеј, тогаш нема да му биде дозволено наредната сезона да учествува во Лигата на шампионите.
ПСЖ до крајот на преодниот рок би требало да го напуштат неколку играчи, а се шпекулира дека тоа ќе бидат Хавиер Пасторе, Лукас Моура и Анхел Ди Марија.