Top Sport

Џерард: Ова беше последната шанса за освојување трофеј

Легендата на Ливерпул Стивен Џерард е разочаран од елиминацијата на „црвените“ во ФА купот. Ливерпул синоќа на домашен терен беше поразен од ВБА 2:3.

Екипата која ја предводи Јирген Клоп ја прекина серојата од 19 натпревари без пораз на домашен терен, а исто така во само неколку дена доживеа порази од двата тима кои го делат последното место на табелата во Премиер лигата.

„Ливерпул едноставно не беше доволно добар. ВБА можеше да постигне уште некој гол. Ова е најлошиот Ливерпул кој го гледав оваа сезона“, рекол Џерард.

Ливерпул најверојатно сезонава ќе ја заврши без освоен трофеј. Ливерпул нема освоено трофеј во некое натпреварување од 2012 година.

„Во овој клуб најважно е да се освојуваат трофеи. Испаѓањето од ФА купот е голем удар за Клоп и неговиот тим. Ова им беше последната шанса да освојат титула сезонава“, дополнил Џерард.

Сензација на „Енфилд“, Ливерпул испадна од ФА купот (Видео)

Scroll to Top