Top Sport

УЕФА најави промени во Лигата на шампиони

Европската фудбалска унија (УЕФА) реши од сезоната 2024/2025 да го смени форматот во Лигата на шампионите. На овој начин УЕФА сака да и се спротивстави на идејата која ја форсираат Јувентус и Реал Мадрид за формирање на европска Суперлига.

Според новиот формат, во Лигата на шампионите ќе учествуваат 36 екипи. Исто така повеќе нема да се игра групната фаза. Планот на УЕФА е Лигата на шампионите да наликува на кошаркарската Евролига.

УЕФА ќе ги подели клубовите во четири квалитативни категории. До почетокот на нокаут-фазата, секој тим ќе одигра по десет натпревари (пет дома и пет во гости).

Првите осум екипи на табелата ќе изборат директен пласман во осмина-финалето. додека клубовите кои ќе се пласираат од 9. до 24.место ќе разигрувата за преостанатите осум места. Поразените одо тие натпревари ќе продолжат да играат во Лига Европа.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');