УЕФА нема да ја казни Украина поради тоа што за репрезентацијата на оваа земја играл Бразилецот Жуниор Мораеш. Ова значи дека УЕФА ја одбиле жалбата што против Украина ја поднесоа Португалија и Луксембург.
Украина во првите две квалификациски средби за пласман на ЕУРО 2020 одигра нерешено со Португалија (0:0) и забележа победа над Луксембург (2:1). Со четири бода Украинците се први на табелата во групата, во која се наоѓаат и Србија, односно Литванија.
Португалија и Луксембург тврдеа дека Мораеш, според прописите на УЕФА, не стекнал право да игра за Украина. Мораеш седум години игра во Украина, а оваа година доби државјанство.