Top Sport

УЕФА објасни зошто е суден пенал против ПСЖ

Европската фудбалска унија (УЕФА) објаснија зошто судијата Дамир Скомина досудил пенал за Манчестер Јунајтед во завршните минути од осмина-финалниот реванш против Пари Сен Жермен во Париз.

Ударот на десниот бек на Јунајтед, Диого Дало, го блокираше Персел Кимпембе, топката заврши во корнер, меѓутоа откако доби известување од ВАР-собата, Скомина ја прегледа снимката, утврди дека топката го погодила во раката играчот на ПСЖ, поради што досуди пенал.

Пеналот го претвори во гол Маркус Рашфорд, а Манчестер Јунајтед се пласираше во четврт-финалето.

„Откако ситуацијата е прегледана д сите достапни агли ВАР му предложи на судијата да го провери инцидентот што се случи во казнениот простор. Бидејќи судијата не го препознал инцидентот во текот на играта, тој ја прегледа снимката.

Откако снимката е прегледана, судијата утврдил дека патот што го минала топката не бил краток и дека исходот не можел да биде непредвидлив. Раката на дефанзивецот не е блиску до телото, поради што неговото тело „станало поголемо“ и ја сопрело топката на патот кон голот.

Судијата поради тоа досуди пенал. Сите одлуки се донесени согласно ВАР-протоколот“, се наведува во соопштението на УЕФА.

Scroll to Top