Top Sport

УЕФА објави: Реал се број 1, Вардар е на 149, Работнички на 188 место

Европската фудбалска унија (УЕФА), ја објави листата на најуспешните клубови во Купот/Лигата на шампиони. Почнувајќи од 1955 година, кога Спортинг Лисабон и Партизан го одиграа првиот меч, најуспешен клуб е Реал Мадрид.

Реал Мадрид има 51 учество во елитното натпреварување и освоени 13 титули. На второто место е Баерн Минхен со шест трофеи, а потоа следуваат Барселона, Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.

На листата на 500 најуспешни клубови има шест македонски екипи. Најдобро рангиран е Вардар на 149 место. Црвено-црните имаат осум учества, одиграле 24 натпревари забележале пет победи, осум нерешени и 11 порази.

Работнички е на 188 место, со четири учества (14 натпревари, 3/6/5). Шкендија е на 258 место, со три учества (10 натпревари, 3/1/6), на 303 место е Слога со три учества (10 натпревари, 1/3/6).

На 389 место е Победа, со две учества (4 натпревари, 0/2/2), на 489 место е Ренова со едно учество и забележани два порази.

Од клубовите од поранешна Југославија најдобро котира европскиот првак од 1991 година, Црвена звезда. Тимот од Белград е на 21 место, Динамо Загреб на 30 место, Партизан на 40,Хајдук Сплит на 79, Сараево на 191, Железничар на 236 место.

Scroll to Top