По пријавата дека Манчестер сити не ги почитувале правилата пропишани со финансискиот фер-плеј, од УЕФА решиле да покренат истрага.
„Граѓаните“ во 2014 година имаа забрана за трансфери и добија парична казна од 49 милиони фунти, а во четвртокот од УЕФА објавија дека отвора нова истрага против ангглискиот шампион.
„Телото за финансиска контрола на клубовите, односно истражната комисија, отворија истрага против Манлестер сити на 7 март, поради сомнежите дека биле прекршени правилата од финансискиот фер-плеј, а кои беа објавени во медиумите“, се наведува во соопштението од УЕФА.
Исто така, во соопштението, се истакнува дека УЕФА повеќе нема да објавува коментари на оваа тема се додека не биде донесена конечна одлука.
Од Манчестер сити соопштиле дека развојот на ситуација бил разочарувачки и дека не биле изненадени од одлуката на УЕФА.
„Медиумските наводи упатуваа на тоа дека истрагата е покрената. Сити е убеден во позитивен исход. Обвинувањата се лажни, а досега донесените одлуки содржат грешки, погрешни интерпретации и конфузни формулации“, се наведува во соопштението од Манчестер сити.