Top Sport

УЕФА отвори истрага за инцидентите на мечот Ница – Келн

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага за инцидентите на натпреварот од групната фаза на Конференциската лига меѓу Ница и Келн. Мечот заврши 1:1, но она што се случуваше надвор од теренот беше далеку најзапаметениот дел, бидејќи навивачите на двата тима имаа жестока пресметка меѓу себе на стадионот и надвор од него.

Поради инцидентите натпреварот доцнеше речиси еден час додека полицијата не интервенираше. Агенцијата „Франс Прес“ објави дека во инцидентот се повредени 32 лица.

Обвиненијата поднесени од УЕФА против Ница вклучуваат фрлање предмети, палење факели, непримерно однесување и ограничување на движењето на гледачите од страна на обезбедувањето. Келн ќе биде под истрага за фрлање предмети, палење факели и нарушување на редот.

И обвинителството во Ница отвори истрага за насилството, во кое беа повредени 32 лица. Во тек се три увиди за инциденти, не само на стадионот, туку и надвор од него, во центарот на Ница, пренесоа француските медиуми. Целта е да се „идентификуваат и приведат“ одговорните.

Scroll to Top