Европската фудбалска унија (УЕФА) подели 233 милиони евра на адреси на 901 клуб преку бенефит програмата.
Парите се исплатени на клубовите од сите 55 европски сојузи кои се членки на Европската фудбалска унија.
На овој начин УЕФА им додели на клубовите кои во периодот од 2020 до 2024 година им дозволија на своите играчи да настапуваат за нивните репрезентации во натпревари под покровителство на УЕФА.
Станува збор за два циклуса од Лигата на нациите, Европското првенство и квалификациите за Светското првенство.
Македонските клубови од оваа програма добија 150.000 евра. Парите се распределени на седум клубови, кои во наведениот период имале репрезентативци. Речиси половина од парите доби Шкендија, поточно 65.862 евра, следуваат Работнички со 25.613 евра, Академија Пандев со 21.954 евра и Вардар со 14.636 евра. Силекс, Шкупи и Македонија ЃП добија по 7.318 евра.
Најмногу пари во оваа распределба доби Манчестер сити (5,1 милиони), додека зад „граѓаните“ се Интер (4,6 милиони), ПСЖ (4,4 милиони), Баерн (4,3 милиони).
УЕФА соопшти дека бенефит програмата за клубовите е зголемена за 33 милиони во однос на претходната сезона и дека е зголемен бројот на клубови кои добиле пари, што е последица на поголемиот број репрезентации на ЕП.
ТУКА можете да го погледнете комплетниот список на клубови кои добиле пари од УЕФА.